Три лица починаа: Ова е дневната Ковид статистика
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 1 090 тестови, регистрирани се 65 нови случаи на ковид-19: Скопје – 41, Битола – 9, Кавадарци, Охрид, Штип и Неготино – по 2, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe 78 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 6, Охрид и Неготино – по 4, Штип – 3, Прилеп и Велес – по 2, Куманово, Струмица и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Охрид (1). Пријавените се на возраст од 63 до 92 години и се починати во период од 24.05 – 07.06.2022. Две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312 538, бројот на оздравени пациенти е 302 807, на починати е 9 316, а бројот на активни случаи изнесува 415.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рангирање на богатство по возрасен човек: Како…
Европа има силно присуство на глобалната листа…
ЦИА против сопственото разузнавање за Ковидот: Ренд…
Сенаторот Ренд Пол, по сослушувањето во Комитетот…
„Ова не е уште еден Ковид“: Генералниот…
Шефот на СЗО им пиша на жителите…
Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…
Пет години по погребите, распаѓањето на телата…
Истрага во Британија: 23.000 луѓе умреле од…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал лош…