Три лица убиени во американски напад врз брод за кој се сомнева дека шверцувал дрога
Три лица беа убиени во напад на американската војска врз брод за кој се сомневаш дека транспортира дрога во источниот дел на Тихиот Океан.
Кампањата на администрацијата на Доналд Трамп за уништување на бродови за кои се сомнева дека се занимаваат со трговија со дрога во јужноамериканските води започна во септември минатата година и досега, според извештаите, одзела најмалку 186 животи. Слични напади се извршени и во Карипското Море.
Јужната команда на САД го објави најновиот напад, но не даде докази дали некое од погодените возила всушност транспортирало дрога.
По вчерашниот напад, Јужната команда објави видео на платформата „X“ на кое се гледа брод кој се движи со голема брзина пред да експлодира. Во военото соопштение се вели дека целите на нападите биле осомничени трговци со дрога по познатите рути за шверц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…