Три нови случаи на западнонилска треска
Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што нивниот број се искачи на 34, велат од Центарот за јавно здравје Скопје, во изјава за МРТ.
Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител од скопско Арачиново.
Најмногу случаи се евидентирани во Кисела Вода и Аеродром, а речиси половината се од Драчево.
-Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат денеска е детектиран случај оттаму. Има канали, базени, застојани води и можеби тоа е причината. Има услови за размножување на комарците – вели епидемиологот Љуљзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје-Скопје.
Според Бајрами, следната година треба порано да се започне со дезинсекција, но и да се направи и анализа дали комарците се можеби отпорни на ваквите средства, за да се променат доколку е потребно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Рускиот амбасадор во САД
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…
Позната компанија во стечај направила штета од…
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…