Три парцели кај “Тифани” стануваат приватни: Се приватизира земјиште во строгиот центар на Скопје
Три парцели кај зградата „Тифани“ во најстрогиот центар на Скопје од државни стануваат приватни со објаснување од Управата за имотно-правни работи дека се работи за дооформување на парцела, пишува А1ОН.
Две од трите парцели, според јавно достапните податоци од Агенцијата за катастар на недвижностите, се сопственост на Република Македонија, а една е запишана како сопственост на Општина Центар.
-За приватизација на земјиштето во корист на „СМС шопс“, Управата за имотно-прави работи експресно
постапувала. Компанијата на 3 март годинава поднела барање да престане правото на користење што го имала Општина Центар, а тринаесет дена подоцна добила решение со кое престанува корисничкото право на
Општината за тие да може да ја дооформат парцелата за новата шесткатница. За изработка на вакви
решенија има граѓани што чекаат и по една деценија. Од Министерството за финансии, во чиј состав како самостоен орган функционира Управата за имотно -правни работи, не одговорија на прашањата од „А1он“, пишува порталот.
Целата тема прочитајте ја на А1ОН
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…
51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…