Три пријави за физички напади и една за закана со оружје во Тетовско и Гостиварско, полицијата ги расчистува случаите
СВР Тетово извести за 4 случаи на визички напади во последното деноноќие во Тетово, Гостивар и околината.
На 28.08.2026 во 10:20 часот во ОВР Гостивар, Н.Ј.(60) од с.Добридол, Гостиварско, пријавил дека во с. Добридол бил физички нападнат од М.Н. од с.Добридол. Истиот ден во 23:00 часот во СВР Тетово, Ѓ.Р.(55) од Тетово, пријавил дека околу 20:45 часот, Д.Ј.(35) од Тетово физички го нападнал неговиот малолетен син. По полноќ, пак, на 29.08.2026 во 00:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Тетово, Ѓ.Р. (55) од Тетово физички го нападнал Д.Ј. (35) од Тетово.
На 29.08.2026 околу 02:00 часот во СВР Тетово, М.Д.(29) од с.Желино, Тетовско, пријавил дека во селото, додека бил со неговите другари А.Б., И.Р., Р.Х., и Р.Џ., сите од с.Желино, Р.Ш. од с.Желино, со кого претходно имал недоразбирања, дошол до нив држејќи нож во рака, а потоа извадил и репетирал пиштол и го вперил кон пријавителот.
Полицијата презема мерки за расчистување на овие случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…