Три тела пронајдени во возилото извлечено од водите на Лепенец
Телата на тројцата исчезнати во водите на Лепенец се најдени во возилото БМВ, кое попладнево беше извлечено од реката.
Според информации од истрагата за Канал 5, трите лица по кои од синоќа трагаат нуркачите специјалци од МВР во водите на реката Лепенец, биле членови на исто семејство.
По сообраќајката кај Блаце, во која БМВ-то со косовски таблички се судри со Фолксваген туран, БМВ-то пропаднало во Лепенец, а во него биле мајка, татко и два сина, од кои едниот имал 16 годинини. Постариот син на 21- годишна возраст се спасил и е пренесен во болницата „8 Септември“ , додека по останатите членови на семејството се одвиваше потрага низ надојдениот Лепенец.
Неофицијални станува збор за три члена од семејството Пацоли од Косово.
На местото од каде што е извлечено возилото треба да пристигне обвинител за да изврши увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) НАЈМАЛКУ 27 МРТВИ ВО НАПАД НА…
Израелската војска утринава ја презеде одговорноста за…
Двајца мртви и седум повредени по пукање…
Во пукотница рано утринава во бар во…
Морничаво: Жена се „допишувала“ со покојната мајка…
По смртта на мајка си, Сирин Малас…
Бројот на загинати во Газа се искачи…
Бројот на загинати од израелските напади врз…
Пронајдени над 260 тела на жртви од…
Портпаролот на „Зака“, волонтерска група која се…