ТРКА ЗА ШЕФ НА СКОПСКОТО ВИШО ЈО: В петок Хајрулахи сам ќе се натпрварува откако се откажаа Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми
Советот на јавни обвинители за в петок закажа продолжение на седумдесеттата седница на чиј дневен ред е избор на нови шефови на две виши и шест основни јавни обвинителства, меѓу кои и нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје.
Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје беа тројца кандидати, но по повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кандидатурата ја повлече и Бурим Рустеми. Засега единствен кандидат за функцијата останува постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи.
На дневен ред на 70-тата седница на Совеотт на ЈО, се и изборот на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и на шефови на основните ЈО во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово и Штип.
Освен избори на нови шефови, на дневен ред, исто така е и носењето на одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК.
Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, таа беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. На продолжението на 70-тата седница на 21 ноември Советот за јавни обвинители немаше кворум да одлучува за оваа точка и именуваше вршители на должноста до создавање услови за избор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…
Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…
Екс студент остави писмени закани до деканот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…
Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…