Тропски бури предизвикаа хаос на Филипините, најмалку 23 загинаа
Најмалку 23 луѓе загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат домовите низ Филипините, откако обилните врнежи предизвикани од засилениот југозападен монсун и тропските циклони „Луис“ и „Мајмај“ предизвикаа поплави и свлечишта, пренесува „Анадолија“.Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи (НДРРМЦ) утрово соопшти дека големи поплави и свлечишта погодиле повеќе региони, особено Лузон и делови од Висајас.
Поради излевањето на реките и непроодните патишта, голем број семејства биле евакуирани во привремени засолништа.
Според НДРРМЦ, локалните власти во координација со државните институции и единиците на локалната самоуправа спроведуваат спасувачки, хуманитарни и евакуациски операции.
Во повеќе провинции се оштетени патишта, мостови и земјоделски површини, што го отежнало транспортот и го нарушило животот на локалното население.
Во поплавените подрачја се пријавени и прекини на електричната енергија и проблеми со водоснабдувањето.
Советот предупреди дека во наредните денови се можни нови повремени врнежи и ги повика жителите на ниските и на подрачјата подложни на свлечишта да бидат внимателни и да ги следат препораките за евакуација.
Владините хуманитарни операции продолжуваат, додека властите работат на повторно воспоставување пристап до погодените населени места и обезбедување помош за евакуираните семејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тропски бури предизвикаа хаос на Филипините, најмалку…
Најмалку 23 луѓе загинаа, а илјадници беа…
(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: Најмалку…
Силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени…
Силен земјотрес ги погоди Филипини
Земјотрес со јачина од 6,7 степени според…
Силен земјотрес ги погоди Филипините, има загинати
Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени…
Илјадници Филипинци протестираат против корупција: „Луѓето страдаат,…
Илјадници Филипинци протестираа во главниот град Манила…