Објавено на:

Тројцата најважни луѓе во Вагнер се мртви!

t

Освен Евгениј Пригожин, во авионот кој вчера се урна, имало уште шест патници и тројца членови на екипажот. Во авионот што се урна, со Пригожин беше и Дмитриј Уткин, десната рака на Пригожин и еден од клучните луѓе во раководната структура на Вагнер.

Уткин беше резервен потполковник. До 2013 година, професионалниот војник командуваше со 700-от одделен одред за специјални сили на 2-та одделна специјална бригада на главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана стациониран во Печори, Псковската област.

Од 2014 година командувал со сопствената единица, која според неговиот повик го добила кодното име „Wagner PMC“.

Уткин бил одликуван со неколку Ордени за храброст за неговите постапки на бојното поле.

Во соборениот авион се наоѓал и Валери Чекалов, шеф на службата за безбедност во групата Вагнер.

Чекалов бил одговорен за сите движења на Пригожин, транспортната логистика и беше единствениот кој точно знаеше кога и каде се наоѓа Пригожин.

Тој стана познат во јавноста минатата година, кога повеќето западни земји, кои ја поддржуваат Украина, му воведоа санкции поради војната и поддршката за Русија.

Со загинувањето на тројцата најважни луѓе во компанијата се поставува прашањето дали судбината на оваа воена групација е запечатена, или сепак ќе продолжи некако да функционира?

И додека деталите за тоа што точно се случи и дали се работи за ликвидација или несреќа, , она што е јасно е дека паравоената Вагнер и неговите водачи беа пред сè географски поделен и потоа обезглавен.

Со оглед на тоа што истакнатата улога на Вагнер во руските воени операции во Украина значително се намали по маршот кон Москва, кој ги понижи Путин и Кремљ, се чинеше – само за момент – дека Пригожин се обидува да врати одредено влијание со операција во Африка, по наредба на Кремљ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов „Вагнер“ на повидок? Путин го потпиша…

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот…

Бела куќа: Вагнер сaка да обезбеди противвоздушна…

Белата куќа денеска соопшти дека руската платеничка…

Поранешни членови на Вагнер тренираат со Чеченците

Поголема група поранешни членови на приватната руска…

Песков: Вагнер повеќе не постои

Кремљ денеска ги отфрли написите на „Волстрит…

(Фото) Споменик на Вагнер се појави на…

На местото каде што загина основачот на…