Објавено на:

Тројца исчезнати америкаснки војници во Украина – Бајден: Не одете повеќе во Украина

t

„Бев информиран. Не знаеме каде се, но сакам да повторам: Американците сега не треба да одат во Украина. Повторно ќе кажам: Американците не треба да одат во Украина сега“, рече тој како одговор на прашањето на Си-Ен-Ен пред да замине од Белата куќа на викенд во Рехобот Бич, Делавер.

Александар Џон-Роберт Друек (39) од Тускалуса, Алабама и Енди Таи Нгоц Хујнх (27) од Хартсел, Алабама се изчезнати во Украина, највертојатно заробени од Русите.

Дополнително, американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека се запознаени со извештаи дека трет Американец кој отпатувал во Украина за да се бори против Русија, исчезнал „во последните недели“.

„Постојат извештаи за уште еден Американец чија локација не е позната. Не можам да зборувам за спецификите на тој случај. За жал, не ги знаеме целосните детали за тој случај“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на брифингот за новинарите.

Друке и Хујн исчезнаа за време на битката на 9 јуни во близина на градот Избицк, според еден човек кој се однесувал како наредник на тимот и кој на Си-Ен-Ен му доставил фотографии од пасошите на двајцата мажи и нивните печати за влез во Украина. Тој сакал да остане анонимен од безбедносни причини, објави Си-Ен-Ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…