Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија

t

Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои во ноќта меѓу саботата и неделата се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош Блажиќ, осомничениот за масовното убиство во селата Мало Орашје и Дубона. Според српскиот портал „Телеграф“, тројцата пристигнале до куќата на Блажиќ во Дубона со автомобил марка „Фиат“ и се обиделе да го запалат објектот. Сепак, огнот ја зафатил само тревата, а полицијата успеала да го изгаси пожарот пред доаѓањето на пожарникарите.

Осомничените биле брзо запрени и уапсени.

Крвавиот напад од страна на Блажиќ во мај 2023 година започнал во селото Мало Орашје, по што продолжил во Дубона. Овој напад се случил еден ден по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. По масакрот, напаѓачот избегал, а потрагата по него траела до раните утрински часови, на околу 50 километри оддалеченост, кај Крагуевац.

Во нападот, Блажиќ уби девет лица и рани четиринаесет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…

Нов бран закани со поставени експлозивни направи…

Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…

Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…