Тројца Македонци и еден Албанец приведени на Табановце!
Четири лица, од кои тројца македонски и еден албански државјанин, се лишени од слобода во периодот од 18.15 часот на 11.12.2022 до 06.10 часот на 12.12.2022, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север.
Како што информираа од МВР, во 18.15 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен А.Б.(41) од Гевгелија затоа што при контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „фолксваген транспортер“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.
– За исто дело, денеска во 06.10 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен и Е.Д,.(37) од Република Албанија. При контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „форд фиеста“ со романски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото, појаснуваат од МВР.
На локалниот пат с.Табановце – с.Лојане, кумановско, во атар на село Лојане, вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Х.Х.(21) и Х.М.(39), двајцата од кумановското село Сопот. При преглед во возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Х., информираат од МВР, биле пронајдени и одземени пиштол „COL. 9 mm Parabelum“ и полна рамка во него со 10 куршуми калибар 9 мм.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…
По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…
600 куршуми пронајдени во автобус запрен на…
Во автобус кој е запрен на граничниот…
На Табановце приведен кумановец, во неговото возило…
На 25.12.2025 во 20:18 часот на Граничен…
Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра…
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот…
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце,…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…