Објавено на:

Тројца палестински студенти застрелани во Вермонт, еден е во критична состојба

t

Белец вооружен со пиштол пукал во тројцата млади на улица во близина на Универзитетот во Вермонт во саботата вечерта, а потоа побегнал.

Американската полиција и федералните агенти трагаат по вооружен маж кој застрела и рани тројца студенти од палестинско потекло во Бурлингтон, Вермонт, за што истражителите се сомневаат дека е злосторство од омраза, соопштија органите за безбедност.

Белец вооружен со пиштол пукал во тројцата млади на улица во близина на Универзитетот во Вермонт во саботата вечерта, а потоа побегнал.

-Сите се на возраст од 20 години и примаат медицинска нега. Двајца се наоѓаат во стабилна сосотојба, додека третитот има сериозни повреди, изјавија од полицијата.

Студентите биле застрелани на улица додека се враќале од посета на роднина во Бурлингтон за празникот Денот на благодарноста. Од полицијата посочија дека двајца од младите носеле куфии, традиционални арапски црно-бели шамии, во моментот на нападот.

— Без да каже нешто, напаѓачот испукал најмалку четири истрели од пиштолот, а потоа побегнал, рече началникот на полицијата во Бурлингтон, Џон Мурад, додавајќи дека двајца биле погодени во торзото, а третиот во долните екстремитети.

Властите веруваат дека „нема дополнтелна информација за мотивот на осомничениот.“ Детективи работат на местото на настанот и земаат примероци, додека од Федералното биро за истраги изјавија дека „се подготвуваат да го истражат“ инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…