Тројца повредени во сообраќајката на мостот „Беласица“
Три лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчеравечер се случи на мостот „Беласица“.
Несреќата, информира МВР, била пријавена во 20:50 часот.
-На ул.”Беласица” после крстосница со ул.”Ѓуро Ѓоновиќ” кон трговскиот центар случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од М.П.(37) од Скопје и патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки управувано од О.Ц.(21) од Скопје. Од незгодата возачите и еден сопатник се здобиле со телесни повреди, велат од полицијата.
Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца повредени во сообраќајката на мостот „Беласица“
Три лица се полесно повредени во сообраќајната…
Маж е тешко повреден додека чекал лифт…
МВР информира дека вчера во 18:10 часот,…
Ужас: Ја силувал сопругата, па ја претапал…
Маж од Кичево е пријавен за силување…
Пукање од возило во Сарај: Едно лице…
На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…
Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред…
8-годишно дете било удрено од автомобил на…