Објавено на:

Тројца се лишени од слобода за претепувањето и прободувањето со нож на малолетник во Ченто

t

Лишени се од слобода три лица кои минатата недела на подрачјето на Гази Баба физички нападнале и прободеле со нож малолетник .

Според полицијата нападот се случил околу 23:05 часот на 22 јуни кога тројцата Ј.Ј, В.А и В.С од Скопје го нападнале 14 годишното момче и му нанеле повреди со остар предмет.

Според родителите на момчето, напаѓачите без причина започнале физички да го удираат, по што едно од лицата извадило нож. Од повредите, детето паднало во несвест а тие побегнале оставајќи го повредено да лежи на земја. Го пронашол случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош и полиција.

Момчето било пренесено во Ургентниот центар каде што е оперирано.

Од полицијата не дадоа повеќе детали за уапсените освен дека со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца се лишени од слобода за претепувањето…

Лишени се од слобода три лица кои…

(Видео) Општ хаос во Албанија – оклопни…

Продолжија протестите пред албанскиот парламент, каде што…

ДЕЦАТА СЕ ПРОДУКТ НА ОПШТЕСТВОТО КОЕ ГО…

Професорката Мирјана Најчевска со став дека децата…

Давитковски: Политичките партии нè третираат нас граѓаните…

Од 1991 година досега сменивме три изборни…

„Дали си ги видовте децата насилници? Така…

Aдвокатката Катерина Котеска-Стисниовска по виралното згрозувачко видео…