Тројца се лишени од слобода за претепувањето и прободувањето со нож на малолетник во Ченто
Лишени се од слобода три лица кои минатата недела на подрачјето на Гази Баба физички нападнале и прободеле со нож малолетник .
Според полицијата нападот се случил околу 23:05 часот на 22 јуни кога тројцата Ј.Ј, В.А и В.С од Скопје го нападнале 14 годишното момче и му нанеле повреди со остар предмет.
Според родителите на момчето, напаѓачите без причина започнале физички да го удираат, по што едно од лицата извадило нож. Од повредите, детето паднало во несвест а тие побегнале оставајќи го повредено да лежи на земја. Го пронашол случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош и полиција.
Момчето било пренесено во Ургентниот центар каде што е оперирано.
Од полицијата не дадоа повеќе детали за уапсените освен дека со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…