Тројца турски државјани осомничени за обид за убиство во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Турција кои како соизвршители учествувале во дејствија на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Едниот од нив со дејствија на помагање, ги одвел другите двајца, им ја покажал точната локација и шифрата од влезот на зграда на улицата “Прашка”, каде престојувале други двајца турски државјани.
Осомничените влегле во станот и со повеќе убоди со нож со умисла се обиделе да го лишат од живот еден од оштетените. Другиот се обидувал да ги оттргне, но и тој бил повреден во раката.
Потоа сите тројца осомничени се обиделе веднаш да ја напуштат државата преку граничниот премин Блаце. Двајца биле запрени и приведени и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор. Еден од осомничените, односно помагачот, според информациите од граничните власти, успеал да избега на Косово и за него надлежниот јавен обвинител предложи притвор од пронаоѓање и лишување од слобода, а со цел за него да биде распишана меѓународна потерница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца турски државјани осомничени за обид за…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Во протестите во Тирана 272 повредени, а…
Вкупниот број повредени во протестите во Тирана…
Мирчев го обвини Радев за молк за…
Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев упати остри критики…
Купувањето стан станува недостижно за Европејците
Купувањето сопствен стан станува сè поголем финансиски…
ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…