Трудо вети нова помош од Канада за Украина
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска најави дополнителна воена помош за Украина во војната со Русија, јавија американските медиуми, пренесе Бета.
Новата воена помош вклучува 21.000 јуришни пушки, 38 митралези и повеќе од 2,4 милиона парчиња муниција.
Трудо веста ја соопшти на прес-конференција по средбата со украинскиот премиер Денис Шмихал во Торонто.
-Се подготвуваме за контраофанзива. Ни треба повеќе муниција, ни треба повеќе оружје, ни треба повеќе воена опрема, рече Шмихал.
Шмихал и се заблагодари на Канада за милијардите долари економска и воена помош од почетокот на руската инвазија врз неговата земја од 24 февруари 2022 година.
Трудо кажа дека Канада воведува нови санкции против руските и белоруските власти и организации.
-Украина се бори за вредностите и принципите што се во основата на сите наши демократии, рече канадскиот премиер, додавајќи дека неговата земја „ќе направи се што е потребно за да ја обезбеди победата на Украина“.
Канада, исто така, обезбеди заем од 2,4 милијарди канадски долари (1,78 милијарди американски долари) на Владата на Украина за поддршка на исплатите на пензиите и поправка на енергетската инфраструктура. Вкупната помош на Канада за Украина надмина осум милијарди канадски долари (5,94 милијарди американски долари).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Провинцијата Алберта во Канада убедливо го отфрли…
Канадската провинција Алберта категорично го отфрли планот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…