Трудо: Канада нема да стане дел од САД
Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.
-Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери, рече Трудо во објавата на „Х“.
Претходно, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли рече дека коментарите на Трамп „покажуваат целосно недоразбирање на она што ја прави Канада силна земја“, додавајќи дека Канада „никогаш нема да потклекне пред заканите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трудо: Канада нема да стане дел од…
Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја…
Маск: Дали Америка треба „да ја ослободи“…
Американскиот милијардер Илон Маск денеска на Твитер…
Бајден на заминување воведува нови санкции за…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира…
Вучиќ е убеден дека САД ќе воведат…
САД ќе воведат санкции за српската компанија…
САД планира да му продаде на Израел…
Администрацијата на Бајден неофицијално го информираше американскиот…