Труењe во РЕК БИТОЛА
ЌОсумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми.
Специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос изјави дека на сите им е укажана лекарска помош и дека најголем дел се испратени на домашно лекување.
– Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и со температура. Сите се со иста клиничка слика. Како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма, на одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија – изјави д-р Сидиропулос.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…