ТУПАНИЦИ „ИГРАЛЕ“ И ЗА ВЕЛИГДЕН: Пријавени два случаја на семејно насилство
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Два случаја на семејно насилство се пријавени вчера во полиција. Во првиот случај, синоќа во 19.15 часот, бил лишен од слобода Д.Н.(31) од Ресен.
Како што се наведува во МВР-билтенот, тој во домот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. Потоа со остар предмет упатил закани кон нејзиниот татко.
Во вториот случај, пак, вчера попладне во струшкото село Мислешево полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода И.Р.(24) од Струга.
Лицето е приведено поради сторено кривично дело загрозување на сигурноста во врска со семејно насилство.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога имате ситуација директор на АНБ фалсификатор,…
Лојалност– награда – глупост Можеби ви изгледа…
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…
Стармер: Иран да се врати на преговарачка…
Британскиот премиер Кир Стармер го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…