Тупанчевски: Донесени се законите за судска и јавнообивинителска служба, со што вработените ќе добијат повисока плата за 15 отсто

t

Собранието ги донесе законите за судска, за јавнообвинителската служба и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените, објави на својот Фејсбук профил министерот за правда Никола Тупанчевски.

-Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15 проценти. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел, се наведува на фејсбук статусот на министерот Тупанчевски.

Со усвоените измени на Законот за јавнообвинителска служба, пак, се посочува, се воспоставува ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.

-Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување ист износ на законска минимална плата, се додава на Фејсбук профилот на министерот за правда Тупанчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…

Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…

Кандидатот на студентската листа Александар Чупиќ избран…

Александар Чупиќ, кандидат на пратеничката група „Студентска…

Две малолетнички нападнале девојче во Кавадарци –…

Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…

Автобусите и камионите под засилена полициска контрола…

Автобусите и товарните возила се под засилена…