Тупанчески: Зборовите на Фон дер Лајен влеваат надеж дека сме на вистинскиот пат
Министерот за правда Никола Тупанчески вчера во гостување во дебатната емисија 24 Анализа рече дека она што го кажа претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен на прес-конференцијата во Владата на РМ, влева надеж, оптимизам дека сме на вистинскиот пат во однос на реформите во правосудството.
-Траекторијата по која се движиме во моментов е вистинската патека до која што треба да се стигне..Извештајот за напредокот во нашата држава е компломентарен и содржи повеќе сегменти. Посебно се апострофирани неколку прашања, едното од нив е правосудниот систем, вториот корпус на прашања се однесува на борбата против корупцијата, третиот корпус е борба против организиран криминал и четвртиот, тероризмот и насилниот екстеремизам. Значи сублимат или заедничка карактеристика на сите овие подрачја што ги спомнав е дека има умерено подобрување, рече Тупанчески.
Министерот се осврна и на реформите во правосудниот систем кои според него не може да се случат преку ноќ, но сепак се интензивирани и се очекуваат конкретни резултати.
-Македонија се наоѓа на 63 место од 140 држави според „Индексот на владеење на правото“ на вашингтонската невладина организација „World Justice Project“ што е за едно место подобро рангирана во споредба со минатата година кога бевме на 64 место, потенцира Тупанчески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…