Тупанчески: Русковска да пријави ако трпела притисоци заради водењето истраги!

t

Министерот за правда Никола Тупанчевски и порача на обвинителката Русковска да пријави ако заради водењето истраги трпела пристисоци.

-Има начин на којшто може да се реагира и треба да се реагира институционално. Ако се врши притисок се знае до кого треба да биде тоа алармирано или до кого да биде поднесена информација – зошто притисок, кој врши притисок, колкав е тој притисок, затоа што одредени форми на притисок претставуваат сегмент од злоупотреба на функцијата, рече Тупанчевски.

Русковска на советот на јавни обвинители пред неколку дена им испорача жалба на суспензијата.

-Не се суспендира Вилма Русковска туку прравото и правдата во државата“. Сепак првата обвинителка во борбата против корупцијата не сака да верува дека политиката или политичрите и вршат прогон, кажа Русковска .

Супензијата на Русковска утре ќе биде единствена точка на седницата на Советот на јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…