Тупанчески: Се истражува нападот врз Боки 13 во “Идризово” – ЈО ќе постапи ако има доволно докази

t

Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека треба да се постапи во однос на настаните што се случија во затворот „Идризово” кога физички бил нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот, каде тој ја издржува затворската казна.

–Значи апсолутно треба да се постапи во однос на настаните што пред некој ден што се случија во „Идризово”. Верувам дека ќе имаме завршница и доколку има елементи за кривично дело ќе постапи Јавното обвинителство, одговори Тупанчески на новинарско прашање денеска на маргините на конференцијата по повод Европскиот ден на правдата и одбележување на две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош.  

Во однос на затворската управа, министерот рече дека ќе биде постапено доколку се утврди каква било одговорност.

-Кога велам Обвинителството и полицијата односно надлежните органи доколку се утврди каква било одговорност зборувам и за припадниците на КПД Идризово, и во однос на другите сите субјекти коишто се инволвирани би требало да има одговорност. Дали ќе биде дисциплинска, кривична, да го оставиме тоа на органите коишто се надлежни и за постапување, истакна министерот.  

Од МВР информираа дека на 20 октомври во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје.

Според пријавеното, околу 15:40 часот во кругот на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово”, каде издржувал затворска казна, Јовановски бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ