Тупанчески се сретна со директорите на затворите: Веднаш да се решат наталожените проблеми

t

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска оствари средба со сите директори на затворите. Средбата се одржа во Министерството за правда а на неа присуствуваше и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски.

На состанокот, Тупанчески поединечно бил информиран од секој директор за актуелната состојба во казнено поправните установи. Констатирано е дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар.

Договорено било „веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми кои со години се провлекуваат“.

Ќе се интервенира и во Законот за извршување на санкции со цел да се подобрат условите на вработените во затворите.

Во наредниот период министерот ќе ги посети и затворите со цел лично да се запознае со состојбите. Комуникацијата со директорите на затворите ќе се интензивира во насока на создавање подобри услови за осудените лица и спречување на девијантните појави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во…

Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати…

Условите во затворите се нечовечки, итно е…

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување…

Британците незадоволни: Албански мигранти ги полнат нивните…

Албанците ги окупираат британските затвори”, пишуваат британските медиуми во…

Тупанчевски не знае каде Русковска треба да…

-Има начин на којшто може да се…

Дива лига: Затворската полиција стравува од осоколените…

Попуштија челичните нерви на затворската полиција од…