Тупанчески ќе биде нов македонски амбасадор во Србија?
Универзитетскиот професор и довчерашен министер за правда Никола Тупанчевски ќе биде македонски амбасадор во Србија, неофицијално дознава „Фокус“.
Според нашите информации, се уште не е комплетирана целата процедура за негово упатување во Белград, но тоа треба да се случи во следниот период.
Во врска со оваа информација, „Фокус“ се обрати до Тупанчевски, кој кусо ни одговори дека засега нема ништо официјално.
Инаку, тој беше именуван за министер за правда во владата на Димитар Ковачевски, но беше сменет во рамки на последната реконструкција.
Таа беше резултат на договорот на СДСМ и ДУИ со Алијанса за Албанците за влез во владата, по што нов министер за правда стана Кренар Лога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…