Тупанчески ќе биде нов македонски амбасадор во Србија?

t

Универзитетскиот професор и довчерашен министер за правда Никола Тупанчевски ќе биде македонски амбасадор во Србија, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, се уште не е комплетирана целата процедура за негово упатување во Белград, но тоа треба да се случи во следниот период.

Во врска со оваа информација, „Фокус“ се обрати до Тупанчевски, кој кусо ни одговори дека засега нема ништо официјално.

Инаку, тој беше именуван за министер за правда во владата на Димитар Ковачевски, но беше сменет во рамки на последната реконструкција.

Таа беше резултат на договорот на СДСМ и ДУИ со Алијанса за Албанците за влез во владата, по што нов министер за правда стана Кренар Лога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Никогаш нема да ја напуштам Србија,…

Александар Вучиќ денеска изјави дека никогаш нема…

Студентската листа во Србија не планира задолжителен…

Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…