Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните бараат итна реакција!

t

Скaндал и бран реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се гледа како група туристи се качуваат директно на објектот облечени во костими за капење, третирајќи го верскиот и културен споменик како реквизит за забава.

Граѓаните и локалното население преку социјалните мрежи упатија јавен апел до Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк, МВР и Комуналната инспекција, барајќи итна контрола и санкции за сквернавењето на духовниот простор.

Граѓаните истакнуваат дека сите туристи се добредојдени, но бараат задолжително почитување на кодексот на однесување и верските чувства.

„Поради качувањето по градбата, постои реален ризик од дополнително физичко оштетување на и онака нарушениот црковен објект. Се бара од градоначалникот, полицијата и инспекциските служби итно да излезат на терен, да утврдат дали има материјална штета и да ги казни сторителите“.

Реакциите содржат и барање за поставување јасни правила, предупредувачки табли и редовни патфоли со цел заштита на култниот мавровски храм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…

Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…

На четирите тинејџерки против кои се водеше…

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…