Туркаљ: Македонската политичка елита да одлучи – дали забрзано да влезе во ЕУ или ќе го врати процесот на почеток

t

Хрватскиот правен експерт за Западен Балкан и поранешен главен преговарач за Хрватска за Поглавјата 23 и 24, во интервју за МИА вели дека ако повторно се преговара за нова Преговарачка рамка, тоа значи губење уште многу години за државава и враќање на евроинтегративниот процес од почеток.

На прашање дали во ЕУ се можни ситуации за промена на Преговарачка рамка, како што тоа го бара опозицијата и дополнително на тоа уставните измени да имаат одложено дејство, односно кога ќе ги затвориме поглавјата, Туркаљ вели дека се зависи од тоа што сака политичката елита – дали Македонија забрзано да влезе во ЕУ или повторно да преговара за нова рамка.

„Значи, тоа зависи од тоа што сака Македонија, дали вашата политичка елита сака Македонија забрзано да влезе во Европската Унија или сака повторно да преговара за нова преговарачка рамка, што значи да го враќа процесот на почеток“, нагласи Туркаљ.

Според него, теоретски се е можно, секако, вели, кога се преговара секогаш треба да се води сметка дека се преговара со 27 држави-членки.

„Свесни сте колку беше тешко да се постигне договор за отворање на преговорите за Македонија. Веројатно сте свесни и колку труд вложи нашиот премиер за да ги убеди колегите од Европската Унија дека треба да се започнат преговори со Македонија. Да се отвора таа приказна уште еднаш, значи да се вратат работите на почеток. Ова може да значи губење уште многу години за Македонија“, дециден е хрватскиот експерт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…