Турската федерација го казни Мурињо!
Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција го казни Жозе Мурињо со четири натпревари суспензија.
Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција го казни Жозе Мурињо со четири натпревари суспензија.
Казната за Мурињо доаѓа по неговите коментари по дербито со Галатасарај во кои однесувањето на луѓето на клупата на Галатасарај го спореди со скокање на мајмун. Таквите коментари беа протолкувани како расистички, па Мурињо нема да може да го води тимот во дуелите со Анталијаспор, Самсунспор, Бодрумспор и Трабзонспор.
За Фенербахче поголем проблем може да биде што оваа казна може да биде најава за поголема и тоа од шест месеци, ако помине тужбата која ја испрати Галатасарај исто така за расизам.
Во јавноста се јавија поранешните фудбалери кои соработуваа со Мурињо, Дрогба и Есиен кои застанаа во негова одбрана, но исто така на страната на Мурињо застана Вилфред Заха е поранешен фудбалер на Галатасарај и немал соработка со Мурињо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија не е добиена на подарок, време…
Денес стоиме пред историјатa на еден народ…
Филипче: Имаме аманет и обврска да ја…
И лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче,…
Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе…
Денес стоиме пред историјатa на еден народ…
ММФ предупредува: скапата енергија и растечкиот долг…
Војната на Блискиот Исток, високите цени на…
СЗО уште чека информација од Русија за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…