Објавено на:

Турската царина запре рускиот брод

t

Турската царина во Црно Море запре товарен брод, што пловел под руско знаме и ги истражува украинските тврдења дека бродот превезува украдено жито, изјави денеска висок турски претставник.

Украина на 30 јуни побара од Турција да го задржи товарниот брод „Жибек Жоли“, кој под руско знаме превезува украинско жито украдено од окупираното пристаниште Берѓанск и да го уапси екипажот.

Според Украинската поморска управа, бродот „Жибек Жоли“ превезува околу 4.500 тони украинско жито, а крајната дестинација на бродот е турскиот град Карас.

„Жибек Жоли“ е во сопственост на казахстанската транспортна компанија „КТЗ Експрес“, но оти бродот е најмен од фирмата „Грин лајн“, која не е на листата со санкции.

Уште од почетокот на инвазијата, Украина ја обвинува Русија дека го краде нејзиното жито.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…