Турски “Бајрактар” гради фабрика за производство на дронови во Украина!

t

Генералниот директор на турската компанија „Бајкар“, која произведува беспилотни летала, Халук Бајрактар, денеска објави дека компанијата планира во следните две години да изгради фабрика во Украина.

„Нашиот план напредува. Во моментов имаме архитектонски проект. Фазата на детален проект е завршена. И наскоро ќе започнеме со изградба. Сакаме да го завршиме во рок од две години“, изјави Халук Бајрактар ​​на маргините на саемот за одбрана САХА во Истанбул.

Беспилотните летала „Бајрактар“ што компанијата ги испорача во Украина беа клучни во одбраната на Украина од руските оклопни и противвоздушни системи во првите неколку недели од руската инвазија, наведува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Планот да се изгради фабрика во Украина е дел од договорот потпишан меѓу Анкара и Киев непосредно пред рускиот напад на Украина на 24 февруари.


Водечкиот турски производител на борбени дронови „Бајкар“ сака поголема подготвеност на Германија за соработка во одбранбената индустрија.
„Имаме солидни односи во сите други сектори. Во одбраната потребно е да се преземат повеќе мерки, бидејќи од тоа би имале корист и двете страни“, изјави за агенцијата ДПА Халук Бајрактар, извршен директор на компанијата, а пренесуваат германските медиуми.

Според него, Германија е многу „ограничена“ во однос на одбранбената технологија.

„Бајкар“ меѓу другото го произведува и борбениот дрон „Бајрактар ​​ТБ2“, кој Украина во моментов го користи во борбата против Русија. Претходно го користеше Азербејџан против Јернемија, а го користеше и во Сирија и Либија.

Бајрактар ​​посочува дека овој дрон е извезен во 24 земји во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Пентагон објасни што прават американските војници во…

САД веќе го започнаа процесот на испраќање…

Девојка (19) во Украина се обидела да…

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се…