Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот воздушен простор
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море, биле регистрирани 15 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај во FIR Атина и 13 нарушувања на грчкиот воздушен простор од турски воени авиони, а сите биле пресретнати согласно меѓународните правила и праксата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците, биле забележани вкупно девет летала: еден формациски состав од два борбени авиони Ф-16 и седум летала што дејствувале поединечно, меѓу кои еден ЦН-235, еден АТР-72 и пет беспилотни летала.
Од двата Ф-16, кои биле вооружени, биле регистрирани две повреди на правилата за воздушен сообраќај.
По едно прекршување извршиле другите два авиони, додека петте беспилотни летала биле одговорни за вкупно 11 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај и за 13 нарушувања на грчкиот воздушен простор.
За време на инцидентите биле регистрирани и две воздушни конфронтации меѓу грчки и турски воздухопловни средства, а турските воени авиони биле препознаени и пресретнати согласно меѓународните правила и воспоставената практика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…
Вучиќ повторно на чело на СНС? Предлогот…
Главниот одбор на Српската напредна партија започна…
Жена е повредена во Ѓорче – непознато…
Скопјанка на возраст од 67 години била…
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…
Ограбена спортска обложувалница во Чаир, на вработениот…
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР…