Турското дерби секогаш носи инциденти! Џеко се изнервира поради Икарди: Се удри во статива, а плачат за пенал..
Бурното дерби на Истанбул меѓу Фенербахче и Галатасарај предизвика многу реакции на социјалните мрежи, а нем на тоа не можеше да остане ни легендарниот босански фудбалер Един Џеко.
Тој е иритиран од фотографијата која кружи на Интернет, а на која е Мауро Икарди со помодрено око. Прв, фотографијата ја објави Галатасарај, а потоа ја презеде и експертот за трансфери Фабрицио Романо што предизвика револт кај Џеко.
„Со главата удри во стативата, потоа го објавуваат на Инстаграм и плачат за пенал. Типично за нив, срамно. Биди сериозен Фабрицио, подобар си од ова“, напиша напаѓачот на на Фенербахче.
Двата турски гиганти ги очекува нова пресметка веќе в петок, во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад каде ќе се сретнат во Суперкупот на Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…