Објавено на:

Турција: Годишниот извештај на ЕК е „нефер и пристрасен“

t

Годишниот извештај на Европска комисија за напредокот на Турција кон членството во ЕУ е „нефер и пристрасен“, објави денеска турското Министерство за надворешни работи.

Во годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција се наведува дека има „сериозно назадување“ во демократските стандарди, владеењето на правото, човековите права, независноста на судството и основните слободи во борбата против тероризмот.

– Категорично ги отфрламе неоснованите тврдења и неправедните критики, особено во однос на политичките критериуми и поглавјата за правдата и човековите права, се наведува во соопштението на турското МНР.

Турското министерство посочува дека обвинувањата се неправедни и ја истакна „нечесноста на пристапот на ЕУ и јасниот двоен стандард“, додавајќи дека проблемите со почитувањето на основните човекови права се присутни дури и меѓу земјите-членки на ЕУ.

Апликацијата на Турција за членство во ЕУ е замрзната со години, откако во 2005 година почнаа преговорите за членство со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…