Турција не смее да биде принудена да прави избор меѓу Русија и Украина

t

Турција не може да биде принудена да направи избор меѓу Русија и Украина, изјави денеска шефот на Одделот за комуникации во администрацијата на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

-Турција останува важен фактор за стабилизација во регионот на Црното Море, а разговорите во Истанбул се важна основа врз која конфликтните страни можат да постигнат договор за прекин на огнот и мир во Украина, рече Алтун, пренесен од Анадолија.

Алтун потсети дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постојано комуницира со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Владимир Зеленски и дека шефовите на дипломатиите на двете земји,  организирани од Турција, се сретнале на Дипломатскиот форум во Анталија, а нивни делегации во Истанбул, наведуваат руските медиуми.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…