Објавено на:

Турција од октомври ја презема командата со силите на КФОР на Косово

t

Турското министерство за национална одбрана соопшти дека Турција ќе ја преземе командата со мисијата на НАТО во Косово (КФОР) од октомври оваа година.

Портпаролот на министерството за национална одбрана на Турција, полковник Зеки Актур, на прес-конференција најави дека командата на КФОР ќе и биде предадена на Турција од Италија во октомври годинава.

Во јуни оваа година, турското министерство за национална одбрана испрати пешадиски баталјон на турската армија во Косово за поддршка на мировната мисија на НАТО по тензиите на северот на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…