Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со Казахстан, Азербејџан, Киргистан и со Узбекистан

t

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи, вчера предложи формирање на заедничка полициска агенција со Казахстан, Азербејџан, Киргистан и со Узбекистан, по примерот на Интерпол и на Европол, објави „Дејли сабах“.

Предлогот беше изнесен на третата средба на министрите за внатрешни работи на Организацијата на туркиските земји (ОТС) во Астана, главниот град на Казахстан.

„Предложивме формирање на Туркпол, организација слична на Интерпол и на Европол меѓу туркиските земји. Казахстан, како и нашите колеги од Азербејџан, Киргистан и од Узбекистан, реагираа многу позитивно на овој предлог“, рече Чифтчи по состанокот.

За време на состанокот била разгледувана и можностаграѓаните на туркиските држави да патуваат само со лични карти, како и воведување заеднички шалтери за пасошка контрола на аеродромите.

„Кога патуваме во европска земја, гледаме дека граѓаните на ЕУ минуваат низ еден шалтер, додека граѓаните на другите земји минуваат низ друг. Работиме на воспоставување сличен систем и меѓу туркиските држави“, рече Чифтчи.

Тој додаде дека темите за кои се разговарало во Астана, меѓу кои и предлогот за Туркпол, патувањето со лични карти и заедничките шалтери за пасошка контрола, се дел од подготовките за самитот на лидерите на ОТС, кој следниот месец во Анкара ќе го организира турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Чифтчи посочи и дека Платформата на полициските академии на туркиските држави, основана во ноември минатата година, веќе активно функционира, а следен чекор е да се формира Совет за борба против криминалот.

Советот би опфатил соработка против новите криминални организации, криминалот поврзан со дрога и со тероризмот, нерегуларната миграција, како и нелегалното обложување и коцкање.

Чифтчи рече дека формирањето на Туркпол би било следен чекор откако ќе биде потпишан основачкиот договор за Советот за борба против криминалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…

Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…

Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…