Турција слави 100 години од основањето на Републиката

t

Во Република Турција денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври, Денот на Републиката и 100 години од прогласувањето на Република Турција.

Како што јави Анадолија, Денот на Републиката се одбележува низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон до Газиантеп и Кахраманмараш.

Делегација предводена од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска по повод 29 Октомври го посети Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

По тој повод беше интонирана националната химна и положено цвеќе. Турскиот претседател потоа остави порака во Книгата на впечатоци.

– Се обидовме правилно да ја заштитиме вашата доверба за време на нашето 21-годишно владеење, чијшто секој момент го поминавме служејќи на нашата земја и нација. Нашата република е побезбедна од кога било досега, во сигурни и компетентни раце, напиша Ердоган.

Националниот празник, Денот на Републиката во Турција се одбележува на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Турција во 1923 година. Републиката ја прогласи војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа беше избран од Големото народно собрание на земјата за прв претседател на современа Турција.

Еден од најголемите национални празници се обележува со низа пригодни манифестации низ целата земја, вклучително и положување венци во Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…

Трамп заврши зад решетки во Техеран: Необична…

Необична сцена привлече големо внимание во главниот…

Во Тирана продолжуваат протестите, студентите закажаа протест…

Во Тирана вечерва повторно се собраа студенти…

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина…

Рускиот претседател Владимир Путин денес изрази увереност…

Приоритети на американските гласачи се намалување на…

Најновата анкета на американската новинска агенција „Асошиејтед…