Турција транспортира исламски мигранти со авион до Белград: Ќе го продолжат патот кон Западна Европа
Германски „Билд“ пишува дека турските власти ги принудуваат муслиманските мигранти, кои живеат во сиромаштија во Турција, да бидат транспортирани во Европа со редовни летови.
Според пишувањето на германскиот весник, српската државна авиокомпанија „Ер Србија“, ги продава билетите за Белград по цена од 122 евра, а Србите потоа им дозволуваат на бегалците да го продолжат патот, набиени во комбиња.
Како што вели претставник на германската полиција, миграциската рута минува низ неколку земји: главно преку Унгарија, Словачка, а потоа преку Полска, Чешка или Австрија до Германија.
Платите на шверцерите многу варираат, а тарифата се движи од 1.000 до 10.000 евра по лице. Сè зависи од растојанието до дестинацијата, рутата, ризикот од откривање, видот на шверцот и други видови поддршка или гаранции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…