Турција: Финска и Шведска не ги исполнија нашите барања, процесот за влез во НАТО може да биде запрен
Шведска и Финска не го исполнија барањето на Анкара за екстрадиција, па доколку ги одбијат договорените обврски, процесот за влез во НАТО може да биде запрен.
„Позитивната одлука на Турција не значи дека процесот за влез на Шведска и Финска во НАТО е завршен. Волјата е да се започне тој процес. Доколку се исполнат ветувањата дадени на Турција во договорот, Турција ќе си го одржи зборот. Ако го направите тоа што го ветивте, ќе кажеме да за членство, во спротивно процесот ќе биде запрен“, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг за весникот „Милиет“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…