Турција ќари од војната: Ќе ја снабдува Бугарија со природен гас во следните 13 години
Во Министерскиот совет на Бугарија денеска ќе биде потпишан договор преку кој „Булгаргаз“ ќе добие пристап до терминалите за течен природен гас и до мрежата за пренос на гас на турската државна енергетска компанија „Боташ“.
Деталите околу договорот се уште не се јасни, освен информациите дека времетраењето на истиот е 13 години.
Министерот за енергетика Фатих Донмез веќе најави за турската телевизија дека Турција ќе ѝ продава природен гас на Бугарија, откако преговорите меѓу турската компанија „Боташ“ и бугарскиот „Булгаргаз“ се успешно завршени и е постигнат договор за период од 13 години.
На церемонијата на потпишување на договорот ќе присуствуваат в.д. министерот за енергетика на Бугарија Росен Христов и турскиот министер за енергетика Фатих Донмез. Двајцата министри за енергетика ќе остварат средба и со премиерот Галаб Донев, на која ќе се разговара за други можности за соработка во областа на енергетиката меѓу Бугарија и Турција.
Румен Радев денеска на „Дондуков“ 2 ќе се сретне и со министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез. „Средбата е продолжение на договорите за развој на билатералните односи во областа на енергетиката, постигнати на средбата на шефот на бугарската држава, Румен Радев, со неговиот турски колега, претседателот Реџеп Таип Ердоган, на 9 декември минатата година. Можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу Бугарија и Турција, вклучително и снабдување со природен гас и нови партнерства, ќе бидат меѓу темите на разговорот“, соопшти Претседателството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…
При обработени 98,99 отсто од записниците во…
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Бугарија оди во втор круг: Јотова и…
Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…
Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…
Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…