Турчин гризнал и удрил полицаец на хрватско-српската граница

t

Хрватската полиција уапсила 62-годишен турски државјанин за напад и повреда на полицаец на граничниот премин Бајаково со Србија, јавија локалните медиуми. Според информациите, Турчинот прво го удрил, а потоа и го гризнал полицаецот.

Осомничениот е пренесен во притвор од еден месец, а добил кривична пријава, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил на 28 август за време на гранична контрола на „Бајаково“, кога 62-годишниот човек одбил да му ги предаде своите документи на цариник, кој ги повикал полицајците. Турчинот исто така ги одбил нивните наредби, а потоа удрил еден од полицајците со рака во телото.

„За да го одбијат нападот врз себе и да спречат отпор, полициските службеници употребиле средства за присила врз осомничениот, но тој продолжил да се спротивставува и го каснал истиот полицаец за рака“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИСТРАЖУВАЧ ПРЕДУПРЕДУВА: Ова би можело да биде…

Истражувачот во областа на вештачката интелигенција, Никола…

УЈП предаде возило со пристапна рампа за…

Во рамки на активностите по повод одбележувањето…

(Видео) Снегот нема да ги изненади екипите…

Првиот снег нема да ги изненади екипите…

Тошковски: Жал ми е што држава членка…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва…

ОДРЕДЕН 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГАН ВУЧИЌЕВИЌ: Главниот…

Судот во Белград му одреди притвор до…