Турчин изнајмил стан во центарот на Скопје, добил клуч со кој не можел да влезе
Дваесет и едногодишен Турчин пријавил во полиција дека бил измамен од жена од Скопје. Тој на Фејсбук видел дека се изнајмува стан и договорил средба.
Како што информира МВР, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари.
Оштетениот отишол до станот, но не можел да го отвори со клучот, по што ја телефонски ја побарал, но не добил одговор.
„На 02.12.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, 21-годишник од Република Турција пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје. Според пријавеното, откако на 29.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук видел дека лицето изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба. Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 02.12.2023 тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…
Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…