Туск: Европските лидери мора да спречат капитулација на Украина!
Европските лидери мора да спречат капитулација на Украина, изјави полскиот премиер Доналд Туск пред виртуелната средба на лидерите на ЕУ по разговорите меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот американски колега Доналд Трамп.
„Не можеме да прифатиме капитулација на Украина, пред барањата на Русија, вклучително и територијални (отстапки)… Со здружување и покажување солидарност, ќе најдеме добар начин да ставиме крај на оваа војна“, рече Туск во видеото објавено од X.
Тој додаде дека Полска засега нема да испраќа војници во мировна мисија во Украина, но е подготвена да пружи секаква логистичка помош.
Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста на 26 февруари рече дека Макрон ги информирал лидерите на ЕУ преку видео конференција за резултатите од неговите разговори со американскиот претседател. Тој на самитот на 6 март ќе го претстави и извештајот за неговата посета на Вашингтон.
Претходно, на 20 февруари, Туск изјави дека поразот на Украина ќе значи и пораз на сите западни земји, со сите последици што следуваат од тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…