Туск: НАТО останува темел на безбедноста и покрај тензии со САД
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Северноатлантската алијанса поминува низ период на нестабилност поради непредвидливото однесување на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во интервју за весникот Газета Виборча, Туск нагласи дека НАТО и понатаму останува од суштинско значење за безбедноста на Полска и на Европа.
– НАТО со години ја докажа својата ефикасност на бројни места и во различни ситуации. Денес алијансата можеби се наоѓа во предизвикувачки период, но таа останува темелот на нашата безбедност, изјави Туск.
Тој додаде дека соседите на Полска, кои „не секогаш биле пријатни“, со текот на времето станале лојални сојузници, истакнувајќи дека денес Полска, Германија, Украина, Чешка и Шведска стојат „рамо до рамо“, заедно се вооружуваат, тренираат и имаат „јасно дефиниран заеднички непријател“.
Иако американскиот претседател јавно ја изрази својата поддршка за НАТО, тој повеќепати ги критикуваше европските земји поради недоволното финансирање на одбраната и нивната зависност од американската воена поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…