Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на Полска е од витално значење за нас
НАТО има витален ангажман за заштита на Полска во секој еден момент, изјави полскиот премиер Доналд Туск по средбата со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во Варшава.
– Потврдувањето на ангажманот дека НАТО е должен да ја брани Полска во секоја критична ситуација е многу важно за нас, наведе Туск.
Тој додаде дека претставниците на САД постојано нагласуваат дека во случај на опасност секогаш ќе бидат подготвени да ја бранат Полска и другите земји од сојузот.
Руте ја потврди подготвеноста на НАТО да ги брани своите сојузници и додаде дека Алијансата ќе одговори со сите сили на секој напад.
– Нашата реакција ќе биде поразителна. Ова треба да му биде јасно на (рускиот претседател) Владимир Владимирович Путин и на секој друг што сака да не нападне, потенцира Руте.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…
Османи: Време е НАТО да ги отвори…
Косовската претседателка Вјоса Османи, во своето обраќање…