Туск: Трамп е проруски настроен
Полскиот премиер Доналд Туск денеска пред дса замине за Будимпешта изјави дека идниот американски претседател Доналд Трамп е секако попроруски настроен и оти неговата администрација ќе донесе динамични промени во однос на војната во Украина, но оти е непредвидлив и треба да се почекаат првите одлуки во јануари.
– Мораме да бидеме подготвени за промени во прашањето што е клучно за нас, безбедноста, Украина, Русија, војната. Промена на фронтот во Вашингтон? Не познавам никој што може да одговори на тоа прашање во моментов, изјави Туск за полските медиуми.
Полскиот премиер истакна дека добро го познава Трамп бидејќи соработувал со него во првиот мандат на Трамп кога Туск беше претседател на Европскиот совет и оти не се жали на неговите лични контакти со Трамп, иако за многумина тој е контроверзен политичар.
– Еден од принципите по кои се води Трамп е да користи непредвидливост во својата политика. Често слушав од него во приватни разговори дека е корисно да се изненади. Понекогаш сојузници, понекогаш непријатели. Трамп има една карактеристика што го олеснува сфаќањето на неговите намери, отворено го кажува оба што го мисли. Не ја открив Америка кога реков дека претседателот Трамп е попроруски од претседателот Бајден, рече Туск.
Полскиот премиер нагласи дека колку и да им изгледа контроверзен Трамп на многумина, демократскиот избор во демократски избори е свет.
– Затоа нема потреба да се нагаѓа кој кого повеќе сака во Европа и во САД. Треба да пристапиме кон институцијата американски претседател со целосна почит, рече Туск.
Полскиот премиер денеска и порача на полската опозиција да не мисли дека изборот на Трамп за претседател на САД ќе ги врати на власт и оти сегашната проевропска коалициска влада на премиерот Туск треба да поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија не е добиена на подарок, време…
Денес стоиме пред историјатa на еден народ…
Филипче: Имаме аманет и обврска да ја…
И лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче,…
Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе…
Денес стоиме пред историјатa на еден народ…
ММФ предупредува: скапата енергија и растечкиот долг…
Војната на Блискиот Исток, високите цени на…
СЗО уште чека информација од Русија за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…