Тухел: Не знам што се случи, ова е катастрофа!
Баерн Минхен денеска загуби на домашен терен од Лајпциг со 1-3 и така направи чекор назад во трката за титулата во Бундеслигата бидејќи Борусија Дортмунд со триумф над Аугсбург може да го скокне на лидерското место на табелата.
Тренерот Томас Тухел има ужасни резултати по доаѓањето во Минхен, а поразот од Лајпциг е нов удар за актуелниот германски првак.
„Ова е катастрофа, но заслуживме да загубиме. Мора да играме подобро ако сакаме да победиме. Бевме добри на почетокот, а потоа го загубивме ритамот. Не знам што се случи, немам објаснување. Нема да го гледам мечот меѓу Дортмунд и Аугсбург. Мора да победиме следната недела“, кажа Тухел.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…
Од спонзорство на општинскиот клуб до паркинг-услуги…
Горан Герасимовски денес е потпретседател на СДСМ,…